Соопштенија

Сите соопштенија од страна на органот, информации до јавност, медиуми и сите општи облигаторни информации
Соопштенија
  • 22.09 2025
    По барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Факултет за природни и технички науки, Лабораторија АМБИКОН, изврши индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 во зоната на Трубарево
  • 22.09 2025
    Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (PM10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.09.2025 во 08:30 часот до 22.09.2025 во 08:30 часот, просечната концентрација изнесува 14.2 µg/m³
  • 20.09 2025
    Согласно редовниот мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух, извршени се индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 на мерното место во Трубарево
  • 19.09 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево
  • 17.09 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.
  • 16.09 2025
    На барање на министерот за  животна средина и просторно планирање, Изет Меџити пратена е препорака до општините за спроведување на детални контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување.
  • 14.09 2025
    Пожарот кој вчера избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад во село Трубарево е целосно изгаснат и локализиран. Борбата траеше повеќе од 15 часа, и екипите од повеќе институции со интензивна и координирана борба успеаја да спречат неково ширење. 
  • 14.09 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево
  • 13.09 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека денес избувна пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад.