Собранието денеска го усвои Законот за контрола на индустриски емисии, со кој индустриските капацитети во земјава ќе мора да работат според најдобрите достапни техники (НДТ), како дел од усогласувањето со европските еколошки стандарди.
Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух - ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂, NO₂, CO и O₃.
Забрана за движење на територија на депонијата “Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба
Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, по пријава од Полициската станица Гази Баба.
Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.
Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за избор на предлог проекти што ќе се финансираат од дел III, точка 1, точка 2, точка 3 и точка 4
Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода) од Програма за управување со водите за 2025година. (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.29/25) на 11.02.2025 година
Ве информираме дека утре, петок, 27 јуни 2025 година, со почеток во 14:00 часот, во Струга ќе се одржи настан по повод започнувањето на првата фаза од мега-проектот за реконструкција и замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки.